Проширување на активностите на проектот во североисточниот и југоисточниот регион

04/06/2014 | By More

Почнувајќи од мај 2014 година и микропретпријатијата од два нови региона – североисточниот и југоисточниот, можат да добиваат бесплатна помош за учество во постапките за јавни набавки. Проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки, кој досега се спроведуваше во источниот и вардарскиот регион, сега ги проширува своите активности во овие два нови региона, односно во дополнителни 15 општини со повеќе од 150 локални институции кои спроведуваат јавни набавки. Се очекува од новите региони да се пријават околу 150 микропретпријатија кои ќе ги добиваат следниве услуги:

-обука за учество на јавните тендери;

-специјален прирачник за микропретпријатија за учество на јавните набавки;kumanovo

-секојдневна асистенција при регистрирање на Електронскиот систем за јавни набавки (што е услов за учество на тендерите),

-секојдневна помош при пополнување на тендерските документации;

-асистирање при учеството на електронските аукции;

-помош при секаков вид на прашања и проблеми поврзани со учеството на тендерите;

-помош при остварување на правната заштита;

-секојдневно информирање за огласите за јавни набавки што се објавуваат од институциите во опфатените региони (повеќе од 350 локални институции);

-информации за планираните годишни набавки на сите вклучени институции и

-други прашања и помош во насока на успешно учество на јавните набавки.

strumicaЗа да може една фирма да учествува во проектот таа треба:

-да произведува производи, услуги или работи кои се бараат на јавните набавки;

-да е мало или микропретпријатие и

-да има до 10 вработени.

Промоциите на проширувањето на активностите во новите региони се одржаа на 30 мај 2014 година во Струмица за југоисточниот регион и на 3 јуни 2014 година во Куманово за североисточниот регион. На нив присуствуваа повеќе од 100 претставници на микропретпријатија, договорни органи, градоначалници, претставници на центрите за поддршка на планските региони и на невладини организации.

За пријавување во проектот, пополнете ја пријавата во делот „Пријавување“ или јавете се во еден од двата регионални центри за поддршка на микропретпријатија во:

-Велес за вардарски и североисточен регион: 043-212-450 и 070-226-025

-Штип за источен и југоисточен регион: 032-384-143 и 070-831-143.